Monday, November 21, 2011

ЕЛЕКТРОНИКА И Е-ОТПАД

Што претставува Е-отпад?
Е-отпад е општ термин, кој се користи за да се опише стара, дотраена или отфрлена електроника која содржи електрични делови. Во себе содржи голем дел на отпадна опрема, и тоа не само оние поврзани со електричната мрежа , туку и производи напојувани со батерии, ветерна или со соларна енергија. Тука се вклучени повеќе работи, почнувајќи од домашна бела техника (фрижидери, тостери), до ИКТ опрема (лаптопи, телевизори, МП3-плеери, машини за шиење) и многу други.

Кои проблеми ги носи Е-отпадот?
Иако електричните апарати во голема мера го олеснуваат нашиот живот, тие можат да предивикаат големи проблеми како: краткораен животен век, токсични елементи во нивниот состав, искористување на вредни и ретки ресурси и штетата од нивното лошо управување.
l        Краткотраен животен век
Технолошкиот напредок создаде уреди кои се неверојатно сложени по состав, и во себе вклучуваат изненадувачки голем број на материјали, а некои од нив се опасни и тешко се отстрануваат кога стануваат отпад. Исто така, нивниот производител има потреба од големи количества енергија, материјали и вода, и со тоа генерира големи количества отпад.
l        Токсичните производи стануваат токсичен отпад
Над 1000 материјали се користат за производство на електронските уреди и нивните компоненти. Голем дел од нив се токсични. Тука спаѓаат оловото, живата, арсенот, кадмиумот и многу други.
l        Електрониката содржи вредни и ретки материјали
Покрај штетни и токсични материјали, електрониката содржи и други материи кои се мошне вредни. Така на пр. за еден компјутер се користи железо, алуминиум, бакар, олово, никел, лим, злато, сребро, платина и паладиум.
l        Лошото управување со е-отпадот ги чини и луѓето и планетата.
Поради токсичната содржина во електрониката, застарените методи на враќање на суровините , тие претставуваат голем ризик за здравјето на работниците и за животната средина.

Што можеме и треба да сториме?
Несаканата електроника не треба да се фрла во ѓубре, туку треба да се даде на одговорни рециклирачи, оние што не го извезуваат, палат или депонираат отпадот.
За таа цел, во соработка со здружението ,,Вила Зора,, во нашиот град ќе биде организирана акција за собирање на електронскиот отпад. За времето и местото каде ќе се одвива оваа акција ќе бидете дополнително известени. Учествувајте активно сите, донирајте ги вашите стари и дотраени компјутери, телевизори, мобилни телефони и батерии и заштитете ја животната средина и вашето здравје. Секој има право на чист воздух, вода и почва загарантирано со Уставот на Р.М.

Sunday, November 13, 2011

Поим за екологија


Потребата да се изучуваат односите меѓу нивните организми и природата за прв пат се појавила пред околу сто години, во доба на засилената индустријализација на производството. Во тоа време човекот за прв пат се соочил со крупни измени во природата што ги предизвикал со својата дејност (исцрпување на природните резерви на руди, нафта, употреблива вода и почва, натрупување на отпад од различно потекло, загадување на водата, почвата и воздухот).
Заради тоа, екологијата спаѓа во релативно младите биолошки науки што сѐ уште се развива, барајќи ги патиштата за подобрување на нарушените односи помеѓу човекот и природата и за нејзиното унапредување.
Поимот екологија е составен во 1866 од страна на германскиот биолог, Ернст Хекел, од грчкиот oikos што значи „домаќинство“ и logos што значи „наука“, или наука за домот.
Во последните години екологијата станува се поактуелна, поради поголемите нарушувања во природата што ги предизвикува човекот. Живееме во време кога науката и техниката отидоа многу далеку, а ние сме тука некаде - животот полека замира. Но, ние имаме право на свој живот а наша обврска е: здравиот живот во чиста средина.
Земјата, е единствената планета во вселената со својата величествена моќ на живот и природна рамнотежа, заслужува големо внимание и љубов. Основните медиуми за живот на земјата се: водата, воздухот и почвата.
Човекот како ремек дело на природата, отсекогаш имал определено влијание врз природата и животот во неа. Паралелно со филогенетскиот развој на човекот, тоа вилание се менувало и по интензитет и по карактер, преминувајќи ја често пати границата на дозволеното, при што се јавуваат несакани последици.
Екологија е наука што ги изучува распределбата и изобилството на живи организми, и односите меѓу организмите и нивната средина. Средината на организмите ги вклучува и нивните физичките карактеристики, кои можат да се опишат како сума на локални абиотички фактори како клима и геологија, како и другите организми што го делат истото живеалиште.